Мода

Есенски стилски совети според знаците на хороскопот

Есента е вистинското време да го покажете својот стил и да заблескате. Ова се совети на кој начин ќе ги истакнете своите особености без непотребно трошење пари.

 

Овен:

Стоплете ја својата внатрешна убавина со алишта кои имаат боја на есенско лисје. Весел црвеникав шал или марама, капут во беж боја се вистинскиот избор за вас бидејќи ќе ви го сочува оптимизмот кога ќе почнат да дуваат ладните есенски ветрови.

 

Бик:

Вие веќе уживате во сите благодати на есента. Вашата енергија е обновена и сте подготвени за нови предизвици. Намалете ги потенцијалните проблеми како што се сувата кожа и напукнатите усни така што редовно при секое излегување од дома на лицето нанесете хидратно млеко, а усните намачкајте ги со квалитетен балсам за усни.

 

Близнаци:

Пред да се впуштите во било какво купување обрнете внимание на буџетот со кој располагате. Комбинирајте ги маиците и туниките со тоа што би си ја истакнале вашата убавина а притоа буџетот би бил потрошен во некои  разумни граници. Не претерувајте со шминката, со малку туш и маскара во суптилни бои, вашите очи  би добиле посебен сјај.

 

Рак:

Подновете го вашиот плакар со алишта во комбинација на морско зелено и небесно сина боја. За поубаво чувство ставете иста сенка на очите така што на тој начин буквално би заблескале.

 

Лав:

Блескавата мода оваа есен е ваша. Но, немојте да заборавете на старата поговорка дека малкуте всушност се многу. Додадете некое раскошно парче облека во својот плакар, но немојте да претерувате. Старите комбинации освежете ги со убав и блескав накит.

 

Девица:

Девицата оваа есен е победник во шик категоријата. Вам ви е доволно само да се сетете дека убавината доаѓа од внатре, правилно хранете се  и помогнете им на другите да бидат среќни. Така уште повеќе ќе дојде до израз вашата внатрешна убавина.

 

Вага:

Не бидете загрижени туку бидете среќни со радикалните промени на вашиот стил. Слободно исфрлете ја сенката во беж боја и нежниот сјај за усни, ова есен својата убавина најдобро ќе ја истакнете со нежно розовиот сјај за усни и руменило во иста боја.

 

Скорпија: 

Сменете ја фризурата која ја носите уште од основното училиште. Отидете во некој добар фризерски салон и побарајте да ве посоветуваат околу нова фризура. Сигурно нема да зажалите. Дозволете си да бидете поинакви.

 

Стрелец:

Ова е вистинското време да заблескате. Подгответе се за целовечерни партии со огромна доза раскош. Облекувајте се едноставно но во исто време раскошно, црни пантолони и блуза со светли украси, или пак едноставен фустан и светликави украси за коса.

 

Јарец:

Оваа есен боите во кои ќе се чувствувате како кралица се нијансите на портокаловата и зелената боја. Доколку не ви е пријатно во таквите  бои облекувајте се понеутрално, но со нагласено румени образи. Бидете колку што можете поедноставни.

 

Водолија:

Вие веќе доволно ја имате обновено вашата гардероба, нема потреба за нови алишта, само малку пребарајте во плакарот и најдете ги алиштата во кои најудобно се чувствувате. Почнете да користете некои понови и поприродни шминки и исфрлете го розовиот кармин кој и онака никогаш не го употребувате.

 

Риби:

Не купувајте работи кои и онака воопшто не ви требаат. Пред да се решите нешто да купете добро погледнете во вашиот плакар… можеби ќе најдете нешто што би го искористеле во некоја комбинација. Доволно ќе биде да си купете некоја нова блуза или марама со кои би сте  го освежиле својот изглед.

 

 

 

Write A Comment