Motherhood

Не ви посакувам да добиете вакво писмо!

Една мајка влегува во сиобата на ќерка си и на креветот забележува писмо. Со треперливи раце го отвора писмото:

“Бесценета мамо,

Не се тревожи, јас заминав со својот нов пријател.

Јпосле го најдов човекот на мојот живот! Има обетки по целото тело и огромен мотор! Но мила мамо, тоа не е се… Бремена сум и Ахмед вели дека ќе бидеме многу среќни во неговата мала куќа во планината. Тој сака многу деца, а и јас мечтаам за истото. На крајот сватив дека марихуаната е вредна , и затоа решив да направам мала плантажа во планината за себе и за пријателите на Ахмед. Тие пак ни ветија дека ќе не снабдеваат со кокаин и екстази. Немој да се грижиш мила мамо, веќе имам 15 години и можам сама да се грижам за себе. Ќе се погрижам за тоа да ми дојдеш на гости и да си го видиш внукот!

П.С  Бесценета мамо, тоа беше шега! Јас сум на гости кај сосетката. Само сакав да ти напоменам, дека има и многу полоши нешта од писмото од директорот на училиштето и за тоа дека сум пред исклучување, кое ќе го пронајдеш во горната фиока на масата.

Со љубов, Ани.”

Write A Comment