Велат дека кучето е најдобар пријател на човекот. Во неверојатната приказна, која ќе ви ја раскажеме, кучето е најдобар пријател и на пилето. Овие две животни ќе ве разнежнат со својата судбина.
Запознајте се со пилето Пени и кучето со две нозе Ру. Овие две симпатични животинки се сретнале благодарение на Алиша Вилијамс, која работи во болницата за животни. Љубовта кон овие суштества ја тера да ги спаси од речиси сигурна смтрт.
Ру бил пронајден на улица. Алиша претпоставува дека оваа чивава се родила деформирана.
Пени пак била спасена од лабораторија во која била животно за експеримент. Вилијамс започнала преговори за да ја земе и конечно успеала да ја врати во својот дом.
Така двете животинки биле собрани на едно место. Тие многу се засакале и почнале да поминуваат многу време заедно. Погледнете ги фотографиите, бидејќи нивното силно пријателство сигурно ќе ве трогне.









