Тинктурата од ѓумбир е многу корисна кај настинката, особено кај вирусните инфекции. Благодарејќи на тинктурата од ѓумбир воспалителниот процес во организмот брзо исчезнува. Оваа тинктура е одлично природно средство за главоболка, забоболка, болки во зглобовите и кај остеохондроза.
Исклучително е ефикасна за лекување на воспаление на грлото, крајниците и ангина. Корисна е за подобрување на видот, ја зголемува сексуалната активност кај жените и кај мажите.
Но во последно време тинктурата од ѓумбир најчесто се применува за слабеење, бидејќи се покажала како многу ефикасно средство во борбата против вишокот на килограми.
Оние кои сакаат да направт корекција на својата тежина, се препорачува овој лек да се користи наутро и на пладне, по 1-2 лажици, во текот на еден месец. Потоа да се направи пауза – еден месец, па да се повтори. Тинктурата од ѓумбир ефикасно го намалува апетитот и го тонизира организмот.
Овој ефикасен природен лек можете да го подготвите и сами.
Тинктура од ѓумбир. Рецепт.
За подготовка на оваа тинктура ќе ви биде потребно:
-300гр корен од ѓумбир
-стаклена тегла 1/2л
-квалитетна домашна ракија
-2 лажици мед
-сок од 1 лимон
Измијте го добро коренот од ѓумбир. Излупете го и исечете го на ситни парчиња.
Ставете ги парчињата ѓумбир во тегла и полиете ги со ракија (2/3 од теглата).
Затворете ја со поклопец и оставете ја на топло место 14 дена. Одвреме навреме протресете ја.
Потоа исцедете ја тинктурата, додадете мед, сок од лимон и измешајте.
Земајте по едно лажиче три пати на ден, пред јадење.
Овој древен тибетски рецепт е многу ефикасен. Ја прочистува крвта, го зголемува имунитетот и го заштитува организмот.
Бидете здрави!
