Бидејќи природните лекарства се безбедни и безопасни, а и доста продуктивни, денес ќе ви претставиме природен лек против косопад .
Состав:
15 супени лажици ситно исецкан лист од коприва
3 супени лажици суви цветови од камилица
300мл вински оцет
Подготовка:
Во 1-2 литри топла вода ставете ги сувите листови од коприва. Веднаш потоа отстранете го садот од оган и покријте го. Нека отстои 2 часа. Откако ќе поминат 2 часа, загрејте го повторно. Но внимавајте да не проврие повторно. Кога ќе се затопли до температура пред вриење додадете ја камилицата. Повторно отстранете го садот, и оставете да отстои 2 часа. Откако ќе отстои 2 часа, течноста исцедете ја и додадете го винскиот оцет. Измешајте добро.
Начин на употреба:
Секоја втора вечер мачкајте ја коста со овој природен лосион, убаво масирајте ја и на крајот измијте ја. Луѓето кои ја користеле оваа рецепта се се многу задоволни од нејзиното дејство. Се надеваме дека и вам ќе ви биде од полза.

1 Comment
super lek