Популарната глумица Мерил Стрип наводно се разведува после 36 години брак од својот сопруг Дон Гамер, а како причина се наведува аферата која познатата добитничка на Оскарот ја имала во 80-тите години со својот колега Џек Николсон.
Според изјавите на странските медиуми, глумачкиот пар во текот на снимањето на филмот “Ironweed”имал љубовна афера и сексуален однос, а таа случка е опишана во автобиографската книга на Џек Николсон.
По излегувањето на книгата, односите помеѓу Мерил Стрип и Дон Гамер се заладиле, а како што се шпекулира тие се се поблиски до развод на бракот. Познатиот пар се венчаше 1867. година, а во бракот имаат четири деца.
