Претворете ја спалната соба во стилска соба за љубов и потопете ги сетилата во една почувствителна реалност.
За тоа не ви е потребно целосно да го замените ентериерот. Промената на една просторија е прашање на вкус и фантазија и е многу лесно остварлива. Романтичното расположение се создава со соодветна комбинација од елементи, кое вклучува осветлување, бои, декоративни додатоци и мебел. Се зависи од вашите преференции и атмосферата која ќе сакате да ја креирате. Експериментирајте со различни идеи додека не почувствувате дека сте ја креирале вашата соба за љубов.
Мебелот во спалната соба

Централен елемент во внатрешноста на спалната соба е креветот. Мора да биде доволно широк, а дизајнот не мора да му е по најновите трендови, туку во согласност со постелата и осветлувањето. Од додатоците ставете тоалетно масиче и огледало, перничиња и завеси кои навечер ќе ги спуштите за повеќе комфор. Со додатоците во спалната ќе внесете личен стил и суетност а во исто време ќе го доловите и женското присуство во домот.
Собата треба да биде максимално средена и декорирана само со најпотребниот мебел. Тоа значи без телевизор, компјутер и работно биро. Дозволете си само дискретен музички амбиент.
Боите при обликувањето на ентериерот во спалната соба исто така треба да бидат внимателно избрани. Избегнувајте ги премногу светлите и интензивни нијанси, бидејќи тие се поврзуваат со агресијата. Можете да направите комбинација од неколку бои или пак да се задржите само на една боја, само во неколку нијанси.
Бидејќи спалната соба е наменета првенствено за интимни бакнежи и одмор, вниманието треба да биде насочено кон сопствената смиреност. Расчистете ги куповите со облека, ставете ја облеката во гардероберот, ослободете се од непотребните ситници чие место не припаѓа во спалната соба. Тука е најважна хармонијата.

Сега е совршен момент да ги искористите предности на магијата на домашното осветлување. Затемнете ја зоната околу креветот и поставете периферна но слаба светлина. Може да додадете и лампа или пак свеќи расфрлани рамномерно во различни агли на собата.

Ароматизирајте го воздухот со помош на миризливи свеќи или стапчиња. Некои мириси делуваат како афродизијак а други ги опуштаат сетилата. Многу убав декоративен елемент во спалната соба се цветните мотиви, кои можат да бидат во форма на тапет во зоната кај креветот, постелнина со цвеќиња, пеперутки или птици (симболи на љубовта и нежноста) или едноставно вазна со букет во централното место во собата.
Љубовта дава крилја не само на душата, туку и на имагинацијата. Спалната соба, во која ќе се опуштите и уживате вие и вашиот сакан, не дозволувајте да се претвори во ништо друго, освен во соба за љубов.
