Prison brake

Од сега ќе можеме да слабееме со голтање на специјален балон

Нов балон кој може да се проголта како капсула, со цел да го надополни желудникот и да помогне во слабеењето, е пуште во продажба низ Британија.

За разлика од други балони чие вградување подразбира операција, овде тоа не е случај. Постапката трае десетина минути, пациентот ја проголтува капсулата која е со големина на стандардна капсула, а во неа се наоѓа издишан балон.

На капсулата се наоѓа цевче и откако ќе се проголта и стигне до желудникот, балонот преку цевчето се надувува и достигнува големина на јаболко, потоа цевчето се извлекува, а капсулата се растопува.балонот кој веќе се наоѓа во желудниок прави да се чувствуваме сити и со самото тоа помалку јадеме и губима килограми.

30 дена после првата постапка пациентите добиваат нов балон, а постои можност да добијат и трет после 60 дена, во зависност од тоа колку килограми треба да изгубат.

На крајот од планот на лекувањето, односно неколку месеци подоцна издуваните балони се отстрануваат со амбулантска постапка. Пациентите не смеат да го задржат балонот повеќе од 90 дена.

Експертите тврдат дека оваа постапка е безопасна и помага во губењето на килограми, пренесуваат британските медиуми.

Write A Comment