Пицата е многу популарно јадење, се нуди на секој чекор и во различни форми. Има многу варијанти во кои пицата може да се направи, но основата на се е добро тесто. За овој рецепт, иако е многу едноставен, многумина велат дека е најдобар.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1/2 лажиче сув квасец
* прстофат шеќер
*4 филџани бело брашно
* 1 лажиче сол
* 2 лажици маслиново масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте 1,5 шоља топла вода, квасецот и шеќерот и оставете ги да отстојат 10-15 минути. Во друг сад измешајте го брашното и солта и направете вдлабнатина во која ќе го ставите стопениот квасец и маслиновото масло. Замесете тесто и оставете го на топло околу 1,5 час да нарасне.
Ако брзате: Тесто за пица со јогурт
Кога немате време да чекате тестото да нарасне, решение е рецептот во кој наместо квасец се користи прашок за пециво.
Состав:
* 25дкг брашно
* 1/2 кесичка прашок за пециво
* 1 лажиче сол
* 1 чаша јогурт
* масло
Подготовка:
Измешајте го брашното, пола прашок за пециво, солта и јогуртот. Замесете тесто, а рацете претходно намачкајте ги со масло за да можете лесно да ракувате со тестото. Развиете го тестото, ставете ги потребните намирници и печете го околу 15 минути на 220 степени. Заради прашокот за пециво и јогуртот тестото не треба да отстои.
