Српскиот пејач, Милан Станковиќ заклучи на својот Твитер профил дека е ист, ни помалку ни повеќе, како Леонардо Дикаприо.
Мала е веројатноста дека холивудскиот глумец слушнал за младиот пејач, но пејачот секако слушнал за Лео.
Милан во моментот се наоѓа во Лас Вегас. Револтиран од фактот дека ја преспал ноќта во Градот на гревовите, пејачот направи серија твитови, кои клуминираа со следново:
“Ајде да видам сега нека ми каже некој дека не сум ист како Лео Дикаприо па да го затвориме црниот круг”.
Заклучете сами дали и какви сличности има помеѓу нив двајца.
