Здраво тело

Чаша вино: Против болести на срцето, дијабетис и мозочен удар

Откриено е дека една чаша вино е исклучително лековита и помага при спречување на многу болести.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања

Во истражувањето кое траело 12 години, а учествувале 38.000 мажи, стари од 40 до 7з5 години, докажано е дека умерената конзумација на алкохол, како виното, го намалува ризикот од срцево заболување до 35 проценти.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Друго долгорочно истражување спроведено над 85.000 учесници, на возраст од 35-59 години, покажало дека конзумирањето на околу 18мл вино, неколку пати неделно, може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 70 %.

Го намалува ризикот од развивање на дијабетис од типот 2

Во истражувањето кое траело 10 години, а биле вклучени од 35.000 здрави возрасни личности, покажало дека луѓето кои уживаат во умерена конзумација на алкохол (1 чаша за жените, а 2 чаши за мажите дневно) имаат 40% помал ризик за развој на дијабетис од типот 2 од оние кои се воздржуваат од алкохол во потполност.

Ги одржува когнитивните способности

Универзитетот во Колумбија направил истражување во 2006. година, кое покажало дека луѓето кои пиеле 1-2 чаши вино во текот на неделата се во состојба да ги одржат когнитивните способности во подолг период, отколку оние кои никогаш не конзумирале алкохол.

Го продолжува животот

Истражувањето спроведено во 2009. година во Холандија, покажало дека умереното конзумирање на вино (или алкохол воопшто) е силно повразно со намалување на ризикот од смрт по срцев удар. Во просек луѓето кои редовно конзумираат умерена количина на алкохол живеат 5 години подолго од оние кои се воздржуваат од алкохол или премногу пијат.

Write A Comment