Ракот е една од најтешките болести на денешницата. Тешкото заболување води до застрашувачки промени во човечкото тело. Секој, кој го поминал овој пат знае дека тоа е тешко искуство, со кое човек не знае како да се справи.
Ќе ви покажеме што прави еден уметник како одговор на тоа, дека неговото тело почнува да се менува и губи контрола над него.
Карин Стак ја започнува својата “Историја за косата” во 1998, кога и е дијагностициран рак. Еден од ефектите од третманот е губење на косата. Карин чувствува дека треба да се занимава со нешто што ќе и помогне да продолжи да се бори и да ги надмине последиците од хемотерапијата. Затоа таа почнува да ја фотографира косата секоја недела.
Овие автопортрети го следат нејзиниот напредок – голата глава малку по малку станува минато. Карин Стак создава фотографии како коста постојано се обновува.
Подоцна таа ги претставува фотографиите на една изложба. Изложбата е придружена од глас кој раскажува низ што поминала младата жена.


