Секому му е потребен некој, но никогаш во тој однос не треба да заборавите кои сте, кои се вашите соништа, што се можете и колку вредите, тоа е накратко пораката која ни ја испраќаат принцезите на Дизни.
Зошто секоја принцеза мора да има принц?
Погледнете го симпатичното видео во кое главни актери се Дизни принцезите. Имено, кралицата Елза не верува во љубов на прв поглед – поучена од искуството на убавата принцеза Ана, која сакала да се омажи за принцот кој штотуку го запознала, а за кого подоцна сватила дека е лош, сака да им ги отвори очите и на другите принцези и да им даде мудри љубовни совети.
