По целодневниот престој во канцеларија или затворен простор, на вашето лице му е потребен интензивен третман за да се опорави.
За брзо опоравување применете природен пилинг за лице:
Измешајте две лажички пченкарно брашно со една белка од јајце. Нанесете на лицето и оставете го да делува 15 минути. Потоа смесата измијте ја со топла вода , притоа масирајќки го лицето со благи кружни движења. За крај само измијте го лицето со ладна вода.
Совет плус! Уште еден одличен рецепт на база на мед: Помешајте две лажички мед со малку сок од лимон и нанесете го на лицето.
