Британската пејачка Адел моментално заздравува по успешната операција на гласните жици.
Поради проблемите со грлото, Адел (23) мораше да ги откаже сите настапи до крајот на оваа година и да оди на итна операција. Хируршкиот зафат бил направен на една клиника во Бостон, каде пред неколку години е опериран фронтменот на бендот „Аеросмит“ Стивен Тајлер.
Докторот Стивен Зејтелс, кој ги оперирал и пејачката и славниот рокер, соопштил дека Адел ќе може да пее високи тонови без никаков проблем.
– На Адел ѝ беше направена микрохируршка операција на гласните жици и операцијата помина без никакви компликации. Адел ќе може за неколку дена да почне да ги вежба гласните жици, – изјавил докторот.
Адел одамна имала проблеми со грлото, но состојбата почнала сериозно да се влошува за време на нејзината турнеја во март, оваа година.
