Убавина

Од А до Ш – супстанци против нечиста кожа

Ова се природни состојки со чија помош ќе ја исчистите нечистотијата од вашата кожа:

Алги – ја зацврстуваат кожата и и даваат хидрантност, минерали и елементи во траги.

Алое вера – ја смирува кожата и и дава влажност.

Билни масла – како што се маслата од бадем, јојоба, пченично зрно имаат лековито дејство.

Цинк – ја прави кожата мека и сјајна, а исто така го намалува и отокот.

Екстракт од ананас – и дава живот и ја ревитализира кожата, а притоа многу лесно ја оттргнува нечистотијата.

Екстракт од дуња – и дава влажност, а воедно го спречува претераното мастење на кожата.

Хамамелис (волшебен орев) – ги смирува воспаленијата, и ја тонизира кожата.

Камилица – чисти, смирува, опушта, ја дезинфицира кожата, ги смирува воспаленијата, има антибактериско дејство и ја регенерира кожата.

Рузмарин – чисти, дезинфицира, ја подобрува циркулацијата и ја освежува кожата.

Овошни киселини – ги отпушуваат затворените канали на кожата, при што кожата може нормално да диши.

Жалфија – ги намалува воспаленијата, ги затвара порите и ја дезинфицира кожата.

 

Write A Comment