Убавина

До бакарен сјај само во 5 чекори

Сакате бронзен тен? Ние ви откриваме како да го постигнете тоа брзо, лесно и ефикасно.

Депилација и пилинг

Чиста и совршено мазна кожа подобро а апсорбира секоја текстура, па и кремата за самопотемнување. прво со восокот или депилаторот отстранете ги сите несакани влакна, а потоа кожата добро исполирајте ја со нежен пилинг (имајте на ум дека после депилација кожата е чувствителна и треба да избегнувате пилинг со крупни зрна).

Хидрирајте ја сувата кожа

Ако вашата кожа на одредени делови е сува или ако покрај тоа пука и се лупи, таа потешко ќе ја упие кремата, а како краен резултат ќе добие неизедначена боја. Затоа пред тонирање навлажнете ја кожата со хидрантен лосион и почекајте да упие.

Тонирајте го телото

Експертите порачуваат пред нанесување крема за самопотемнивање навлечете гумени ракавици. потоа нанесете крема од нозете нагоре додека не го намачкате целото тело.

Не ги заборавајте рацете и стапалата

Кога ќе ги тргнете ракавиците, намачкајте ги рацете и стапалата. Така вашата кожа бојата рамномерно ќе ја “прифати”.

Заробете ја бојата

Кога ќе ја постигнете саканата нијанса, одржувајте ја нејзината свежина и интензитет со секојдневно нанесување лесен хидратантен лосион за тело. Тој ќе ја “заклучи” бојата и ќе ја продолжи нејзината постојаност. Три дена по тонирањето нанесете пилинг и нежно тријте ја кожата за да ја подготвите за следното нанесување.

 

Write A Comment