Верувам дека мажите и жените сакаат да бидат пријатели и дека се впуштаат во тој платонски однос, но резултатите кои ги добив покажуваат дека во нив редовно пречи и се вмешува привлечноста”, вели Април Блеске Речек, психолог на Универзитетот во Висконсин.
Подрачјето машко-женски пријателства е особено интересно за истражување бидејќи тука не се работи за однос кој исчезнува поради репродуктивни причини.
Блеске Речек и нејзината екипа ги интересирало како таквите пријателства може да се одржат и покрај сексуалната привлечност.
Поради тоа, собрале 88 парови на пријатели за да ја исполнат анкетата во која одговарале на прашања помеѓу кои се нашло и оценување на степенот на привлечност кон личноста од спротивниот пол за која тврдат дека се само пријатели.
Резултатите, не се ни малку изненадувачки и открија дека мажите ги сметаат своите пријателки за сексуално привлечни, додека тоа не е случај со жените. Но, интересен е податокот дека секогаш се работело за личности кои биле слободни и кои размислувале дали своите пријателки би можеле да ги одведат на состанок.
Исто така, жените и мажите по ова прашање на оваа проблематика се разликуваат, бидејќи сексуалната привлечност на жените им пречи и го отежнува пријателскиот однос, додека за мажите таа не претставува никаков проблем.
Психологот тврди дека машко-женските пријателства всушност не може да опстанат. Таквиот однос не е природен бидејќи се работи за релативно нова појава во еволуцијата на друштвото.
Многу е веројатно дека таквиот однос ќе може да се реализира тогаш кога мажите нема да бидат водени од примитивните инстинкти за парење.
