Понекогаш забораваме некои работи, и не е лошо да се потсетиме. Постојат некои норми и бон-тон за во ресторан и што мораме да направиме.
Прочитајте и доколку нешто не практикувате, треба да го земете во предвид и да почнете да го правите!
- Жените во ресторанот не треба да ја поправаат шминката ниту фризурата. Доколку мораат тоа да го направат, треба да одат до WC.
- Кога мажот и жената се во ресторан, мажот би требало да плати, а ако жената сака да учествува во плаќањето на сметката, може подоцна да му понуди пари, иако не е непристојно жената да плати.
- Ако ви се случи нешто: ако ви падне приборот на под или истурите пијалок, келнерот е должен да го замени приборот и да донеси нов. Не треба да се извинувате ниту лично да интервенирате, туку љубезноста на келнерот да ја наградите со бакшиш.
- Во поголемите друштва сите исто треба да го поделат трошокот за храна и пијалок, но ако ти си го повикал некого, никако не смееш да дозволиш таа личност да го плати својот дел.
- Ако келнерот ви донесе погрешна порачка, одбијте ја одлучно и љубезно, без повишување на тонот и правење на сцени.
- Сите евентуални проблеми треба да ги решавате со менаџерот на ресторанот, не со келнерот.
- Секој ресторан има свој дрес код, па ако некаде не ви го одобрат влезот бидејќи не сте облечени по нивните правила, не инсистирајте туку побарајте друго место.
- Во ресторан влегувате и излегувате од него без поздравување, освен кога на влезот ќе ве поздрави послугата. Мажот ја бира масата, но со консултација на жената.
- Мажот нема да седне на маса додека жената удобно не се смести. Келнерот му се обраќа исклучиво на мажот. После консултација со жената, мажот порачува пијалок и храна. Доколку келнерот тоа не го направи, мажот ќе ја послужи жената со пијалок.
- Мажот треба да ја испрати жената до WC. Ако ова за вас е премногу формално, станете кога таа станува и придржете ѝ го столот.
