14-годишното момче, Али Хусеин од Индија боледува од прорегија, поради која има тело на маж од 110 години.
Неговите родители Наби Хусеин Кан (50) и Разиа (46) стапиле во брак пред триесет и две години. Биле во родбинска врска и нивниот брак бил договорен. Пет од нивните деца умреле од оваа болест.
Се работи за болест на нагло стареење, а причината за нејзиното настанување е дефект на генетскиот код на пациентот. Од таа болест боледува и Хусеин кој има тело на 100-годишен човек. Таа болест предизвикува и артритис, проблеми со очите, болест на срцето и слепило.
-Сакам да живеам и да се надевам дека некаде постои лек за мене. Не се плашам од смртта, но сакам уште малку да останам со своите родители. Тие многу патат – рекол Али.
Братот на Хусеин и неговите три сестри умреле кога имале 12 и 24 години. Петтото дете, момче, умрело 24 часа по породувањето.
