Motherhood

Како да ја пронајдете вистинската љубов и среќа?

Во денешниот забрзан и хаотичен свет понекогаш ни се чини дека е многу тешко па дури и невозможно да ја пронајдеме правата љубов. Во денешното друштво во кое е важно само “сега или одма”  може за момент да ви се причини дека нема надеж да ја пронајдете вашата права љубов или сродна душа.

Но, доколку се опуштите и почнете да ги приметувате луѓето со кои сте поврзани и да им посветувате внимание, време и трпение, првенствено вие ќе се чувствувате подобро, а со тоа ќе се зголемува и веројатноста да ја пронајдете љубовта и среќата.

Усмерете ги своите мисли на сегашниот момент и одлучете да бидете среќни СЕГА,а не во иднина кога ќе постигнете некоја цел. Ништо не се случува во иднината. Се се случува сега, иднината е проекција на сегашноста која ја створил нашиот ум.

Пронајдете ја среќата во малите работи кои го сочинуваат вашето секојдневие. Ширете радост и љубов помеѓу луѓето во својот живот.

Сватете дека иако не сте во врска и немате партнер, ништо не ви недостига. Сигурно сте имале моменти кога сте доживеале да ве прашуваат зошто немате никој и ве гледале со сожалување, поради што вие сте се чувствувале лошо и понижено. Но колку пати сте чуле дека е подобро да бидете сами отколку во лоша врска?  Освен тоа, доколку излезете во светот со ставот дека сте јадни бидејќи сте сами – само ќе ги одбиете потенцијалните партнери. Засакајте се себе па и другите ќе ве засакаат.

Избегнувајте негативни и премногу критични луѓе кои ви ја црпат енергијата и пронаоѓаат препреки за вашите сништа. Негативните луѓе имаат способност да ја уништат секоја надеж во другите и да ја згаснат секоја креативна искра пред таа да се претвори во оган.

Write A Comment