ШоуБиз

Енрике Иглесиас нема намера да се жени со Ана Курникова: Бракот нема да не направи посреќни

Латино ѕвездата Енрике Иглесиас изјавил дека иако е 14 години во врска со славната руска тенисерка Ана Курникова нема намера да се жени, бидејќи како што и самиот вели не ја гледа поентата на таа одлука.

Шпанскиот пејач нема намера да се жани, но за среќа и неговата девојка Ана Курникова го дели истото. Енрике за CBS отворено зборувал за врската со Аан, каде покрај останатото изјавил дека не планира брак во иднина.

“Не сум против бракот, напротив, но кога си со некого во врска толку долго, не верувам дека такво нешто може уште повеќе да ве зближи. Не мислам дека бракот ќе не направи посреќни”, изјавил пејачот и додал: “Ана е за мене најдобрата девојка на светот и ние совршено се согласуваме”.

Бившата тенисерка го дели истото мислење како и нејзиното момче.

 

Write A Comment