Секој облик на лице има и свој облик на веѓи кои најдобро му прилегаат на тоа лице…
Често пати девојките или жените прават грешка при средување на веѓите и така тие се или премногу искубани или тоа е направено неправилно и неуредно. Познато е дека на секој облик на лице не стои секој облик на веѓи, односно ако не сме стручни за ова најдобро е да му оставиме на некој од козметичките студиа да го стори тоа за нас. Но ако пак сакате да пробате еве и неколку совети преку слика како правилно да ги средите веѓите.
Изгледа дека не е доволно само да ја земете пинцетата и да почнете да ги скубете влакната по ред, туку како што гледате на горната слика треба добро да пресметате и да одредите правилни линии. За да не се „шкрткате“ со фломастер најдобро е линиите да ги направите со креон за очи кој потоа може лесно да го отстраните со влажно марамче.
Ви советуваме пред да почнете со уредување да го измиете лицето а веѓите да ги исчешлате за да не се случи повторно да искубете премногу или пак да сконете некои делови. По завршвањето на работата веѓите намачкајте ги со некој крем кој го намалува црвенилото, најдобро со крем од невен. Покрај шаблонот по кој можете да ги уредувате веѓите ви даваме и скица за тоа какви се облици на веѓи можете да направите, и исто така ви советуваме прво со креон да ги нацртате облиците преку вашите веѓи и од кога ќе утврдите кој најмногу ви одговара, фрлете се на работа за разубаввање.


