Детските соби се повеќе стануваат неизбежен дел кога станува збор за уредување на домот. Причината е многу едноставна, италијанските дизајни никого не оставаат рамнодушен. Но, истите тие, Италијанци свесни се дека не доаѓа добриот глас само од дизајнот. Има и неколку други работи кои се еднакво важни кога станува збор за добро осмислена детска соба. Еве три работи на кои мора да се внимава при уредувањето на детската соба:
1. Сигурност

Карактеристика која мора да ја има секоја детска соба е сигурноста. На оваа работа италијанските производители обрнуваат најголемо внимание. Мебелот не смее да има остри ивици, што може да го повредат детето при невнимание. Креветите на кат мора да имаат специјална ограда, што од сигурносни причини стои заклучена, а може да се отклучува и спушта кога се менува постелнина. Страничните скалички по кои детето пристапува до креветот мора да бидат димензионирани според детскиот чекор. Мостот зад скалите од каде детето пристапува до креветот треба да се затвора со лизгање на креветот, така што детето и покрај тоа што спие на кат е 100% обезбедено од паѓање за време на спиењето.
2. Еколошки материјали

Изборот на материјал кој се употребува во изработката на детски мебел е најважна карактеристика на детските соби. Ова, секако, придонесува мебелот за деца да биде поскап од останатиот мебел. Тука посебно внимание се обраќа на еколошките особини на материјалите кои непосредно се одразуваат на здравјето на децата. Имено, сите компоненти кои ја сочинуваат детската соба мора да ги задоволат највисоките еколошки стандарди како: бои на водена основа, лепило кој не содржи никаков токсичен материјал, анти-алергиски и анти-бактериски текстил.
3. Простор за играње

Просторот за играње, во рамки на детската соба, или надвор од неа, исто така заслужува осмислен дизајн. Првенствено треба мебелот да е прилагоден на димензиите на детето. Фотелја, стол или масичка, дизајнирани специјално за деца ќе создадат амбиент во кој детето ќе ужива. Можете да размислите околу избор на табуретки кои во исто време ќе служат и за складирање на играчки. Софата „Тетрис” е одличен пример на мебел за детска соба. Составена е од модуларни елементи за седење во живи бои, кои детето само може да ги распоредува. Можат да бидат поставени заедно во композиција, или одделно. „Г”- елементите можат да се ротираат за 90 и стануваат фотелји. Оваа игра на елементите во исто време ќе биде корисна и интересна за децата.





1 Comment
ima li nekoja fotografija od detska soba izrabotena od drvo.