Најдебелото бебе во Колумбија, кое тежи близу 20 килограми, веќе е “спасено” од една хуманитарна организација и ќе може да го продолжи неговото лекување. 8-месечниот Сантијаго Мендоса во неделата пристигна на аеродромот во Богота од својот роден град Валедупар.
Мајката на детето признава дека таа е виновна за килограмите на синчето, бидејќи кога и да се расплачел, таа го хранела за да го смири.
Момчето ќе биде прегледано од специјалисти кои ќе се обидат да му ги редуцираат килограмите, пред да биде подложен на серија од операции.

https://www.youtube.com/watch?v=Daa2nD7BY5I
