Бевме позитивно изненадени од одговорите и фактот дека ниту еден дечко со кој што разговаравме, не рече – големи гради, кратко здолниште или нешто слично на тоа!
Прочитајте ги одговорите на прашањето што е тоа што една девојка ја прави сексапилна.
Ненад (23)
“Кога знае што сака и кога е силна и стабилна. Денес никој не знае што сака и во моите очи се истакнува онаа која во секој моменто го знае тоа. Онаа која ги менува работите околу себе. Веќе, силна жена не стои позади мажот, тие сега одат заедно, а често и жената е пред мажот.”
Ѓорѓе (29)
“Прво паѓам на изглед. Добри нозе и извајана задница. Потоа ме купува самодовербата! Важно е и да е убава, прво го гледам нејзиното лице, секако. Би требало да има добра смисла за хумор и да е образована. Прибирлив сум, знам!”
Алмер (23)
“Добри чевли! Сексапилната жена секогаш ја замислувам онака како да е родена во добри чевли. Во добри чевли се истакнува нејзината силуета.”

Немања (25)
“Интелигенција и грижа. Интелигенција пред сè, секако!”
Ивица (30)
“Очите на жената се најсекси! Тоа е дефинитовно тоа!”
Радош (28)
“Насмевката е она што една девојка ја први секси! Тоа ми е приоритет. Кога се насмеани, тогаш се убави, кога се убави – тогаш имаат самодоверба!”
