ШоуБиз

Забрана на реклама за парфем поради сексуализација на деца?!

Рекламата за парфемот, во која актерката Дакота Фенинг држи шишенце парфем во скутот, е забранета во Англија поради сексуализација на деца за маркетингшки цели.

Дизајнерот Марк Џејкобс неодамна го опиша својот најнов парфем „Oh, Lola!“ како сензуален и објаснил дека тоа е „сестринскиот“ мирис на прочуениот парфем „Lola“, но дека овој поновиов е повеќе Лолита, отколку Лола. Затоа и рекламната кампања е смислена на ваков начин.

Тинејџерската актерка Дакота Фенинг која има 17 години, во рекламата седи на под, а помеѓу нозете, во скутот, го чува парфемот. Агенцијата за авторизација на рекламни стандарди се пожалила за пораката што ја праќа рекламата.

–    Забележавме дека девојката го држи парфемот во скут, помеѓу нозете и сметаме дека тоа е сексуално провокативна поза. Девојчето има само 17 години, но изгледа како да е помала од 16. Должината на фустанчето, нозете и положбата на шишенцето го одвлекуваат вниманието на гледачот кон нејзината сексуалност. Поради сето тоа, сметаме дека рекламата поттикнува сексуализација на децата, – напишале од агенцијата.

Веднаш по овој извештај, рекламата е повлечена.

Write A Comment