Celebrity

Влатко Стефановски приреди концертиште за паметење!

Настапот започна со песната Сеир, според која е насловен и неговиот најнов албум. Потоа следеа Фокусирам и зумирам, Фосфорна месечина, Деца на сонцето, Точна адреса, а при изведбата на Суперхерои, на сцената му се придружи и познатиот, Раде Шербеџија.

Стефановски потоа изведе и неколку постари нумери, а со неговата втора гостинка Каролина Гочева, ја изведоа песната Love for all. Следуваа Кандилце, Кумова слама, а со третиот гостин Бајага ја изведоа 442 до Београда и Зажмури.

Точката на вриење ја кренаа нумерите Чувам ноч од будних и Мамурни људи, од незаборавниот албум „Као какао”, а посебна еуфорија се случи кога Влатко започна да ја свири Као какао и на сцената се појави Златан Стипишиќ- Џибони, со кого ги изведоа и нумерите Чиним праву ствар и Либар.

Следеше Чукни во дрво, како и бис со незаборавната Учи ме мајко карај ме.

Како и да е, Влатко Стефановски уште еднаш докажа дека е голем професионалец, но истовремено, уметник од светски калибар, чиј настап публиката во Универзалната сала уште долго ќе го памети и раскажува.

 

Write A Comment