Motherhood

Бебињата го учат мајчиниот јазик додека се во стомакот на мајката

Судејќи по резултатите на најновите истражувања, бебињата непосредно по раѓањето може да ги разликуваат мајчиниот и странскиот јазик. Порано се претпоставувало дека бебето по неколку месеци можат да разликуваат јазици. Најновата студија покажала дека бебињата кои се веќе 10 недели пред раѓањето регистрираат елементарни гласови на својата мајка.

Истражувањето спроведено во Шведска и Америка, опфатило 40 бебиња кои не биле постари од 30 часа. Препознавањето на англискиот и шведскиот јазик е пратено преку цуцла која била поврзана со компјутер. Новороденчињата реагирале на звукот на самогласките на различни јазици. Забележано е дека бебињата при звукот на самогласките на мајчиниот јазик престанувале да ја цицаат цуцлата, што научниците навеле на заклучок дека тие им се познати додека биле во стомакот на мајката.

Патриша Кул од Универзитетот во Вашингтон која е ко-авторка на студиите, рекла дека ова е доказ дека бебињата се раѓаат со одредени предзнаења за фонетиката.

Write A Comment

iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv