Пред само шест месеци роди близнаци. Неодамна гостуваше во емисијата на Рози О Донел и се пофали со својата витка линија.
Недела дена по пораѓањето изгубила 18 килограми. Тоа била водата која телото ја насобрало за време на бременоста. Другите 14 килограми ги изгубила со здрава исхрана. Не вежбала, барем така вели таа, ама изгледа ги заборавила фотографиите со приватниот тренер.

– Една недела по пораѓањето симнав 18 килограми. Потоа, бев на посебен режим на исхрана и загубив додатни 14 килограми, – се пофалила Мараја која за шоуто се облекла во краток, црн „минич“ и кожна јакна, која ја откопчала за да не ѝ ги притиска градите.
Мараја открива дека за време на бременоста ѝ било доста тешко. Морала да мирува, па некогаш цело тело ја болело од многу лежење. Се породила со царски рез, и долго време после тоа не смеела да вежба.
– Не се фалам со својата линија, туку сакам да им покажам на луѓето што сè може да направи здравата храна за нивното тело, – изјавила Кери.
