Со локација во Лагуна Бич, во Калифорнија, оваа вила е импресивно ремек дело на архитектурата…
Таа има три спални соби и се наоѓа во близина на плажата. Најинтересниот елемент на оваа вила е количината на природна светлина која таа ја апсорбира. Прозорците кои ја пропуштаат природната светлина не се тука само да допринесат за создавање на удобна атмосвера, тие обезбедуваат прекрасен панорамски поглед на океанот, од секоја просторија во оваа луксузна вила. Како што можете да си замислите, дневната соба е совршено опремена и се наоѓа на долното ниво, додека спалните соби се совршено приватни и се наоѓаат на горното ниво. Во секоја сплана соба, покрај луксузната декорација се наоѓаат и удобни кревети како и скапоцени телевизори. Покрај тоа, оваа луксузна резиденција има гаража за два автомобили, главен апартман кој е во целост опремен со сите луксузни погодности…
Оваа луксузна вила може да биде сон на сите…












