Постојат малку производи кои можат да се користат баш во секој сегмент кога е убавината во прашање. Еден од тие производи е кокосовото масло.
Ја отстранува шминката
Дури и најотпорните маскари немаат шанса против кокосовото масло. Нанесете го на лицето како сретство за чистење. Шминката во целост ќе се истопи.
Го освежува здивот
Кокосовото масло има антигабични и антибактеријски својства. Земете едно лажиче масло и и направете гаргара во устата. Не само што ќе ја исчистите устата од бактерии туку ќе имате и свеж здив, бели заби и здрави непца.
Лосион за тело
Идеално е за оние кои се склони сами да подготвуваат маски и препарати за убавина. Кокосовото масло може да биде база на било кој производ за хидратација на кожата.
Ги елиминира вошките
Кокосовото масло ги елиминира вошките! Во случај да имате потреба од ефикасно средство да ги отстраните по природен пат тука е кокосовото масло. На косата најпрво нанесете јаболков оцет. Откако ќе се исуши, ставете кокосово масло и оставете да отстои 12 до 24 часа. Потоа исчешлајте се и измијте ја косата.
Ги избелува забите
Кокосовото масло измешајте го со малку сода бикарбона и ќе ја вратите блескавата насмевка.
Подгответе го сами:
