Лична карта на најмоќните мафии во светот – III дел
Јапонска мафија

Мафијата познат под името Ја-Сан (ѓубре) се смета за најголемата криминална организација во светот која има околу 110.000 активни членови на 2.500 јапонски семејства. “Џакузе” се формирале пред 300 години, а членовите и денеска сеуште се препознаваат по нивните кратко потшишана коса, тетоважи на речиси целото тело. Нивниот слоган е “работи тајно позади законот” и најчесто ја контролираат проституцијата, коцкањето, порнографијата, илегалната имиграција, трговијата со дрога, перењето пари и лихварството. Нивниот годишен приход е проценет на повеќе од 71 милијарда долари.
Мексиканска мафија

Формирана во затворите во САД од страна на членови на улични банди и сега има околу 30.000 членови ширум САД. Ги контролираат каналите за шверцот на наркотици, оружје и проституција. Но, најголеми приходи собираат од организирање на нелегален влез во Америка и наоѓање на работа на емигрантите, на кои потоа им наплаќаат за да ги заштитуваат. Изнудување и рекет им е чест извор на приход, а најголемиот дел од работата ја реализираат во Ел Пасо во Калифорнија, поради што полицијата овој град го имаат наречено Мал Чикаго, бидејќи посетува на Чикаго од времето на Ал Капоне. Членовите најчесто се препознаваат по истетовираните мексикански национални симболи.
