Безбедноста на слатките со кремови и јајца се постигнува со обавезна термичка обработка. Едни од најчестите продукти кои предизвикуваат салмонела се тортите и колачите во кои се ставаат неварени јајца.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*2 јајца
*200 гр шеќер
*80 гр на чоколадо
*80 гр маргарин
*130 гр мелени бисквити
*35 гр мелени ореви
За декорација:
*неколку цели ореви
*50 гр чоколадо
*1 лажица масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ги варите јајцата и шеќерот а кога ќе провријат, го додавате го маргаринот да се истопи. Го тргате од оган и ги додавате бисквитите, мелените ореви и чоколадото. Сето тоа го соединувате и го излевате во калап претходно намачкан со масло. Кога ќе се олади го сечете на коцки и преливате со чоколадо. Украсувате со половинки од оревите. Најдобро е да изберете ореви во лушпа кои изгледаат здраво, тешки за својата големина, неоштетени и подеднакво обоени. Промена на бојата обично ни укажува дека јатката може да биде расипана и таквите плодови не се безбедни за исхрана.
