Луксузната вила пред која во 1997. година беше убиен модниот дизајнер Џани Версаче, и покрај нејзиниот култен статус, со години го нема пронајдено својот купувач. За неа се барале 125 милиони долари, за на крајот да биде продадена минатата есен, на аукција за 41 милион. Нејзиниот нов сопственик е богато семејство од Њујорк кое со помош на многу светски дизајнери го претворила овој дом во Медитерански ресторан и бутик хотел.
Во оваа екстравагантна вила се сместени 10 луксузни апартмани, од кои еден е некогашната спална соба на самиот Џани Версаче. Ентериерот е дополнет во стил многу близок на починатиот дизајнер, а собите можат да се изнајмат по цена од 795 долари и повеќе. Иако овој бутик хотел го нарекуваат интимно место, неговиот ентериер делува сосем спротивно: накитено и декадентно, баш како што тоа го преферираше Версаче.










