Убавина

Прамените се тука и оваа зима!

Врвните стилисти во сферата на косите не обожаваат ништо повеќе од поимот флексибилност. Ако сте спремни да се впуштите во драматична трансформација на својата фризура, посетете го својот омилен фризерски салон и делувајте решително.

Но за да имате јасна претстава за тоа како треба да изгледа новата боја на вашата коса разгледајте ги некои од најактуелните предлози на стилистите за зимата.

Тие ќе ви помогнат да се збогувате со монотонијата и незадоволителната текстура на вашата коса.

Разгледајте ја широката палета на бои и изберете боја со која да направите свежи и убави прамени.

Огнено црвената, портокаловата, медовите нијанси, пурпурната боја се добар избор за прамени. Овие бои изгледаат неверојатно и можат да ја зголемат многукратно убавината на вашата коса. Биде смели и во тренд!

Write A Comment