Мојата кујна

Подгответе лут и вкусен омлет

Потребно:

  • 1   Црвен пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 50 милилитри Масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 500 грама Компир
  • 6   Јајца/це
  • малку   Црн бибер

 

Подготовка:

Сланината исецкајте ја на коцки, па пропржете ја на масло додека не се вцрви. Извадете ја од тавчето, па на истото масло во која се пржеше сланината, ставете ги изренданите компири, додадете го ситно исецканиот кромид и посолете ги. Пржете додека компирите не бидат готови, а потоа посипете ги со мелениот црвен пипер и со биберот. Оставете ги да се оладат, па додадете ги изматените јајца и пржената сланина.

Сетоа тоа добро измешајте го и на загреано масло испржете четири омлети.

 

Write A Comment