Мода

Сеќавање на убавата и вечна Одри Хепбрн

Родена во 1929 година во Белгија. Првенствено започнува да се занимава со балет и долго време дисциплинирано и посветено се стреми да се усоврши како балерина. Но, откако добива совет дека слабата и висока фигура ќе ѝ попречи да стане прима балерина, Одри започнува сериозно да навлегува во светот на филмот, што брзо ќе ѝ донесе светска слава.

Одри некогаш рече:

„Верувам во розовата боја. Верувам дека со смеењето се согоруваат најмногу калории. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека треба да се остане силна, кога изгледа како сè да оди наопаку. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е уште еден нов ден и верувам во чуда“.

„Има многу повеќе во сексуалната привлечност од мерките на телото. Не ми треба спална соба за да ја докажам својата женственост. Можам да покажам исто толку сексапил и берејќи јаболка од дрво или стоејќи на дождот.“

„Како што стареете, ќе откриете дека имате две раце – едната за да си помагате себеси, другата за да им помагате на другите.“

„Еднаш слушнав дефиниција: Среќата е здравје и кратко памтење! Посакувам јас да го измислев тоа, затоа што е многу вистинито.“

„За привлечни усни, зборувајте само добри зборови. За убави очи, барајте го доброто во луѓето. За слаба фигура, споделувајте ја храната со гладните. За убава коса, дозволувајте му на дете да поминува со прстите низ неа еднаш дневно.“

 

04 07 08 10 15 21

Write A Comment