Здраво тело

Убавината и храната нераздвоиви алки!

Често слушате најразлични приказни од медиумите за некои препарати за хидрирање на кожата, сепак вистинскиот резултат се постигнува доколку внесете неопходна течност во организмот. Кожата на лицето и телото ќе ви бидат затегнати доколку секојдневно пиете околу 2 литри незасладени течности, во најдобар случај вода и билни чаеви.

Во исхраната треба да внесете свежи намирници, а да избегнувате чоколадо, пржена храна, кафе, алкохол, цигари и премногу сол. Дозволени се мали количини на мед или некој природен засладувач – малтекс, доколку не можете без шеќер.

Намирниците кои се потребни за кожата, а воедно и ваши сојузници против старење се: морков, зелка, салата, зелено листен зеленчук, пивски квасец, морски алги во мали количини, пченично брашно, ореви, интегрални житарки, соја, кафеав ориз, сливи, мала количина грозје, ленено масло, тиквино и сусамово како и маслиново масло, доматен сос, лук, и риба. И јасно, млеко и млечни производи.

Сите овие намирници ги содржат оние хранливи материи, кои се наши сојузници во борбата против стареењето, а и болестите. Ги содржат витамините од Е, А, Д, Б групите, витамин Ц и омега киселини. Како и минерални компоненти, како што се селен, магнезиум, железо, калциум, калиум…

Нашиот надворешен изглед многу зависи од тоа, што правиме ние за нашиот внатрешен организам. Затоа внимавајте на тоа што јадете – здравата природа е клуч за убавината кај жените и потрудете се вашата убавина да ја зачувате што подолго, бидејќи таа не зависи од вашите години, туку од тоа како се однесувате вие кон вашето тело.

Write A Comment