Здраво тело

Интимната хигиена е особено важна!

Еве ги основните правила за одржување на беспрекорна хигиена таму долу:

  • Не користете сунѓерчиња или ракавици. Сунѓерите и ракавиците може да ѝ нанесат мали повреди на нежната деликатна кожа на вагината. За време на миењето доволно е да ја искористите вашата рака.
  • Обичните сапуни и гелови за туширање не се соодветни за миење на вагината. Најголем дел од сапуните и геловите се наменети за одржување на природната pH вредност на кожата, којашто изнесува 5,5. Но, нормалната pH вредност на здрава вагина се движи од 3,8 до 4,5. Користењето на обични сапуни може да ја наруши природната вагинална флора, а со тоа се овозможува непречено развивање и размножување на штетните бактерии. Како последица може да се појави иритација, чешање, болка, непријатна миризба, абнормален исцедок или инфекција.
  • Мијте ја само надворешноста на вагината. Вагината има способност сама да се прочистува, па затоа не е неопходно да ја промивате внатрешноста, дури и може да се каже дека е штетно.
  • Мијте се долу еднаш дневно. Барем еднаш дневно мијте ги интимните делови со топла вода. Се препорачува да се миете по секое празнење на цревата за да го спречите пренесувањето на бактерии до вагината. Кога имате менструација, мијте се двапати дневно само со топла вода.
  • Секогаш користете мека сува крпа. Крпата со која се бришете по миењето треба да биде мека и целосно сува. Менувајте ја на секои 2-3 дена и користете ја само и единствено вие.
  • Мијте ги интимните делови пред и по сексуален однос. Покрај тоа, многу е важно и вашиот партнер да одржува добра интимна хигиена.
  • Сексот за време на менструација носи зголемен ризик за појава на инфекции. Затоа, избегнувајте го. Ако сте склони кон појава на инфекции, апстинирајте додека не ви заврши менструалното крварење.
  • Користете тампони поретко и менувајте ги на секои 2-3 часа. НИКОГАШ не треба да спиете со тампон. Тампоните треба да се менуваат редовно затоа што може да предизвикаат инфекции или синдром на токсичен шок, кој се смета за потенцијално фатална болест. Не користете тампони ако имате инфекција.

Write A Comment