Овој лековит зеленчук може да ја поправи крвната слика, да смири воспаление на цревата, да го ублажи мамурлукот и разни воспалителни процеси.
Зелката можете да ја користите како природен лек, а ние ви откриваме и на кои се начини:
1. Доколку пиете една или две чаши сок од свежа зелка секој ден помеѓу оброците, можете да се ослободите од дијареата или запаление на цревата. Три чаши од сокот на ден се најдобар лек за чир на желудникот.
2. Поради големото количество на минерална сол, витамини и хлорофил, се препорачува на слабокрвните лица да го јадат сиров или варен на пареа, и секој ден да пијат по две чаши исцеден сок.
3 Гнојните воспалениа на жлездите исто така се решаваат со листовите од зелката кои ги лечат и го извлекуваат гнојот. На гнојното место се ставаат три листа зелка така да покријат голема површина и се оставаат неколлку часа, па дури и цела ноќ. Постапката може да се повторува се додека заболеното место не заздрави.
4. Мамурлукот може многу бргу да се ублажи со пиење на 2 до 4 децилитри расол од зелка.
5. Лековитите својства на зелката се многу познати кога станува збор за рани. Зелените листови се мијат во вода и се бришат, со ноже се сечат кочаните , а листовите се толчат. Пред да се стават на раната или на болното место, малку се загреваат на шпорет. Раната се обложува со листови од зелката така што тие ќе го прејдат работ на раната. На почетокот листовите се менуваат на секои два, а подоцна на секои 4 часа.
