Прејадувањето е нарушување кај кое е карактеристично конзумирање голема количина храна во текот на еден оброк, појава која се случува најмалку два пати неделно. Под голема количина храна се подразбира тоа да е количина која другите особи, во слична доба и градба, не се во состојба да ја изедат за краток временски период.
Ова нарушување во исхраната е идентификувано во 1959 година, а официјално е признато во 1994 година. Прејадувањето е психолошко нарушување, со кое особите имаат желба да потиснат некоја непријатна емоција. Таа емоција може да биде позната за особата, но исто така може да биде и непријатна емоција (или повеќе) толку длабоко потиснати, што без помош од експерт, не е можно ни да се препознае. Прејадувањето е слично со опсесивно-компулсивното пореметување. Истражувањата нас не упатуваат на тоа дека ова нарушување е последица на условувањата кон исхраната уште од најраното детство. Често сме сведоци дека родителите со храна го смируваат детето. Ова е магичен круг на утеха од секојдневието, стресот, депресијата, немоќта и т.н. која почнува со епизоди на прејадување, а продолжува со мразење себеси. Тука кругот се затвора и почнува од почеток, сè додека особата не свати дека има проблем, а со самото тоа да побараат експертска помош.
Последица од ова нарушување е главно губење на самопочитување, депресија…. доаѓа до голема телесна тежина, која поттикнува чувство на срам и повлеченост. Често пати особите посегнуваат по спроведување на разни диети, во главно не здрави, каде што јо-јо ефектот ја зголемува безнадежноста.
Ова нарушување се лечи првенствено со психотерапија и кога ќе се дојде до одреден напредок се вклучуваат и останати лекари како на пример нутриционисти, со чија што помош ќе се воведат здрави навики во исхраната.
