Порт Луис е главен и најголем град на Маурициус и најголема лулка на Индискиот океан.
Се наоѓа на северозападниот брег на островот Маурициус, а во исто време е и административен центар во дистриктот Порт Луис. Се простира на површина од 42.7 квадратни километри, а на него живеат 148 илјади жители. Порт Луис е економски и политички центар на Маурициус и е популарна дестинација на туристичката мапа на оваа островска држава.
На подрачјето на Порт Луис преовладува топла полу тропска клима. Од декември до април е врнежлива сезона, а од септември до ноември сува. Просечна температура е 30тина степени, а за време на зимата 24.

