Ако имате темна коса тогаш многу добро знаете коллку е тешко да ја одстраните бојата за коса од кожата. За да бидете сигурни дека сте ја нанеле бојата преку целата коса, таа често пати завршува и на вашата кожа на лицето, вратот и ушите. За одстранувањето да ви биде полесно , најдобро е кожата да ја подготвите. Па така по линијата на завршетокот од косата нанесете малку балсам за коса, вазелин, балсам за усни или мрсна крема.
Маснотијата ќе направи бариера која бојата ќе ја спречи да продре длабоко во кожата. Но и со сите подготовки тешко ќе ги избегнете дамките на кожата. За таа цел, ви предлагаме рецепт со кој бојата полесно ќе ја отстраните.
-Крпче натопете со маслиново масло и нежно поминете преку дамките додека не избледат.
-Малку лак за коса нанесете на крпче и пред да се исуши поминете со него преку дамките.
– Измешајте малку беби масло и средство за чистење лице, со мешавината натопете го крпчето и поминете преку трагите од бојата за коса на кожата.
– Ако немате осетлива кожа, искористете и ацетон. Памук натопете со ацетон, и со него пројдете преку кожата.
