Kamila Vebster, коавтор на „ Седум бисери на финансиската мудрост“, во својата книга не потсетува на тоа колку мајките се моќни, така што го охрабрува секој родител добро да размисли за своето влијание врз финансиската иднина на своето дете.
Според Камила Вебстер еве четири начини за да ги одгледате своите деца да бидат богати
1.ГОЛЕМА ТРОЈКА
Вебстер нагласува дека мајките пред се треба да ги научат своите деца на основната цел на заработката на пари. Приходот не служи за да би се споредувале со другите или за да би си ја одредувале својата вредност.
Децата треба да ја сватат „Големата тројка“ уште пред да го добијат својот прв џепарлак или плата: Чување, Трошење и Добронамерност. Секој дел од денарот би требало да се дели на тие три дела.
Чување малку пари за црни денови, задоволување на основните потреби и возвраќање на другите. Ако имате уште некоја причина за заработување пари, Вебстер смета дека вашите деца не треба тоа да го знаат.
2ПРИМЕР НА ОДНЕСУВАЊЕ
Ако им велите на своите деца: „Работи како што ти кажувам, а не како јас работам“, само ќе ги наушите своите деца да се однесуваат неодговорно и да лажат за тоа.
Вашите деца ќе го имитираат однесувањето кое го гледаат дома. Единствен начин како треба да ги научите како да располагаат со своите пари, треба и вие да почнете тоа правилно да го правите.
3.ЈАЗИКОТ НА ПАРИТЕ
Родителите непромислено зборуваат за парите на претеран, драматичен начин кој ги збунува децата. „Без динар сме!“ веројатно само по себе значи дека трошоците ќе бидат неочекуван високи, меѓутоа децата тоа го сваќаат во биквален смисол.
Добрата мајка не би требало така да зборува пред своите деца, исто како што не би требало да зборува вулгарности. Зборувајте за својата финансиска состојба пред децата со обичен, искрен јазик.
4.ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
Кога зборуваме за парите, финансиите имаат сопствен јазик. Стопански раст, стапка на данок, економска стабилност… овие термини можат да бидат несфатливи за многу родители, а камо ли за децата.
Одвојте време да ги спроведете децата низ финансиските изрази на ист начин како кога би ги учеле да читаат или пишуваат. Мајките ќе бидат шокирани колку брзо децата можат да научат да читаат и пишуваат.
