Потребно:
- малку Сол
- 100 милилитри масло
- малку магдонос
- 600 грама лигњи
- 50 грама брашно
- 600 грама шкампи
Шкампите се чистат и се сечат,додека пак лигњите се сечат во прстени, а одделно се сечат пипците. Потоа се валкаат во брашно во кое има додадено сол и се спуштаат во длабоко врело масло. Се пржат додека да добијат убава боја.
Една друга варијанта е да се направи погусто тесто од она за палачинки во кое се додава ситно сецкан магдонос. Во течното тесто се макаат лигњите и шкампите и се пржат во длабока загреана маснотија.
