Убавина

Се што не сте знаеле за косата!

Овие факти за косата сигурно не сте ги знаеле:

  • Косата се состои главно од кератин, од кој зависи и еластичноста на ноктите.
  • Дебелината на влакното варира од 0.02 до 0.05 милиметри. Потребни се 20 – 50 влакна за да се постигне дебелина од 1 милиметар.
  • Склоноста кон ќелавост се предава преку гените и на мајката и на таткото.
  • Строгите диети може да предизвикаат опаѓање на косата.
  • Косата е на второ место според брзината на растеж на ткивата, веднаш зад коскената срж.
  • Косата расте 12 сантиметри годишно. Тоа значи дека косата дневно се зголемува за 0.3 милиметри, а месечно за 1 сантиметар.
  • Косата најбрзо расте од 15-тата до 30-тата година од животот.
  • Косата расте побрзо во лето отколку во зима.
  • Косата на Африканците е покрута и расте побавно од косата на Европејците, а косата на Азијците расте најбрзо и има најголема еластичност.
  • Најверојатно ќе изгубите 55% од вашата коса, пред било кој да забележи дека оќелавувате.
  • Во границите на нормалата е ако губите 50 – 100 влакна од косата дневно.
  • Секој човек има околу 100 000 влакна на главата. Се разбира, тој број варира. Така, црвенокосите имаат
  • 90 000, црнокосите 110 000, а блондинките може да се пофалат со 140 000 влакна коса.
  • Едно влакно од косата може да издржи тежина од 100 грама. Тоа теоретски значи дека целата коса може да ја издржи тежината на 2 слона.
  • Едно влакно од вашата коса може да открие дали пушите, дали се дрогирате, што јадете и какво е вашето етничко потекло. Различните раси имаат различна структура на влакното на косата.
  • Со помош на влакно од косата научниците не можат да го откријат вашиот пол.

Write A Comment