Овие денови видовме толку многу прекрасни колекции на невестински фустани. Пролетната 2014 „One Love“ колекција од Романскиот креатор Bien Savvy е една од оние комбинации кои ти се врежуваат во срцето и знаеш дека пак ќе се вратиш на нив.
Колекцијата е романтична, софистицирана со сензуални детали кои гарантираат дека ќе сте во центарот на вниманието. Елегантни со доминација и потенцирање на женствените силуети, пратење на линиите на телото и дополнително вметнатите Сваровски кристали е тоа што ги прави овие фустани перфектни.

