Топлите денови ни пристигнаа, а целулитот станува наголем непријател на секоjа жена, а отстранувањето на овој непријател често се чини како невозможна мисија.
Масажата со мед го поттикнува обновувањето на кожата и ја подобрува циркулацијата на крвта во длабоките слоеви на кожата и мускулите, помага за отстранување на целулитот и овозможува брзо обновување на мускулниот тонус. Масажата со мед особено се препорачува на пролет, бидејќи хидрирајќи ја кожата помага при исфрлањето на солта и токсините, како и во подобрувањето на исхраната на кожата.
Овој третман не се препорачува за бремените жени, оние кои се алергични на мед и оние кои имаат проширени вени.
На проблематичните места нанесете тенок слој на мед. Околу две лажици се доволни за боковите и задникот. Притиснете ги своите чисти и суви раце на кожата прекриена со мед па отстранете ги од кожата. Бидејќи кожата и рацете ќе бидат лепливи, оваа метода може да биде малку болна.
Масажата треба да трае 5 до 10 минути, секој втор ден. Кожата може да биде црвена па можат да се појават и модрици, но продолжете со третманот се додека медот не побели. На крајот кожата измијте ја со топла вода и намачкајте хидратантен лосион.
