Кападокија е едно од оние места кои морате да ги видите со свои очи за да поверувате дека постојат…
Убавината на ова место кое како да не е од овој свет доаѓа од уникатниот и едниствен пејсаж, како и магијата на оџаците по кое е познат овој регион.
Argos in Cappadocia е луксузен хотел кој на совршен начин се вклопува во целокупниот амбиент, додека на своите гости им овозможува луксузна услуга и врвно сместување.
Самиот хотел е сместен во срцето на регионот, во старото Uchisar село, на местото на античкиот манастир кој е реновиран, со цел да ги постигне највисоките стандарди на луксуз и комфор, кој ќе ги задоволи дури и најлуксузните патници. Под сето тоа , се крие уште едно изненадување – интересен лавиринт кој се состои од тунел и подземен премин , кои некогаш биле тајна скривница, а сега се претворени во простории за состаноци и приватни вински подруми, кои содржат висококвалитетни вина од лозјата на хотелот.
Кога ќе огладнете, ресторанот SEKI е совршено место за уживање во вкусното јадење и вино. Откако ќе ги наполните батериите, уште еднаш истражете ги убавините на ова прекрсно место, кое изгледа како земја од бајките…


















